„Беше уникатен човек“ – Комеморација за Тоше Поп Симонов

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Да се зборува за Тоше Поп Симонов треба многу време и испишани страници, бидејќи толку богат живот само така се раскажува. Но, дел од се она што тој направи и како музичкар, продуценти и како човек се обидоа да раскажат околу 15-ина македонски музички ѕвезди, новинари, колеги, пријатели, соработници со кои тој соработувал и се дружел во текот на животот и музичката кариера. Нивните сеќавања беа илустрирани со мноштво фотографии, видеа и музички парчиња од богатиот авторско- продуцентски опус на Поп Симонов, на комеморацијата во МКЦ, таму од каде што започна неговата кариера.

Идејата на овој начин да се сочува споменот на музичкиот гениј, каков што беше Тоше, музичка легенда но и прекрасен човек, на чија работа, личност, на неговиот луциден хумор и неисцрпна креативност низ своите сеќавања јавноста ја потсетиа Бени Шаќири, Дарио Панковски, Петар Георгиевски – Камиказа, Драган Б. Костиќ, Верица Пандиловска, Васко К-15, Игор Џамбазов, Кирил Џајковски, Ена Веко, Фиц од „Студени нозе“, Лабина Митевска,Ристо Солунчев, Џина Папас Џокси, „Фрајле“…

Наратор на настанот беше музичкиот новинар и водител Антонио Димитриевски, а организатори членовите на семејството и дел од блиските пријатели, соработници и колеги на Тоше Поп Симонов.

Она, пак, што го раскажаа негови блиски соработници сопо неколку реченици,беше доволно дсесвати каков музички генији човекбил тој.

-Никогаш нема да се навикнам за Тоше да зборам во минато време, Тоше беше ваков, Тоше беше онаков. За мене Тоше ќе остане е. Тоше е нашиот Квинси Џонс, најхаризматичната, најинтелигентна, најпродуховена и најдуховита личност што сум ја запознал во животот, човек, човечиште, другар. Пола од моите најголеми хитови се или продуцирани или аранжирани од него или тој го напишал текстот, на видеоснимка кажа пејачот Дарио.

„Фрајле“ пак рекоа дека откако се запознале станале пријатели и како ретко кога се препознале како пријатели.

tose pop simonov3 mms

-Тука си со нас низ твојата музик, низ твојот дух. Живееш и понатаму, не замина, остана тука. Ти благодариме за песната. Патув со ангелите, реко тие.

„Повозрасен сум од него, но сме врзни на многу начини. Се што ќе кажам е малку. Ќе го паметам како човек да сослуша. Едн вечер заглавивме во кафанче и јас требаше да заминам з Лисиче. Ми рче дка ќе ме испри и тка беше. Кога стасавме во Лисиче го прашав како ќесеврариш, а тој рече ти ќе ме исратиш. И се вративме заедно пак до центар. И му реков а сега? Па, рече, сега јас ќе те вратам со кола. Му реков, па што не ме врати на почетокот, тој ми рече- па да прошетаме, да си поправиме муабет, рече меу другото Драган Б. Костиќ.

tose pop simonov4 mms

Игор Џамбазов, пак, се присети за многу соработки, особено да песната „Време за плачење“.

-Кај него ги снимив вокалите на која тој отсвире вонсериско соло, кое копиљациве се обидуваат да го симнат но никој не успеал. Кај него ги снимавме трите песни од „Хавана бенд“ и му направивме хаос во студиото. На крајот кога го прашавме колку да платиме тој ни рече дека „нема пари што може да го платат ова мајсторе. Тоше ќе го паметам и по неговото капче,и пријателе да знаеш да знаеш од денес секогаш кога ќе го ставам ќе мислам на тебе. Спиј ми спокојно пријателе, се гледаме горе, рече Игор.

tose pop simonov2 mms

На комеморацијата се зпруваше и за неговиот талент и за музика од фил, за која зборуваа Кирил Џајковски и Лбин Митевска, Камиказа низ солзи раскажа за нивната соработка….. Се зборуваше и за неговата интелегенција,мудрост, сталоженост, необичен хумор. Беше навистина уникатен човек….

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
13.2 ° C
13.2 °
13.2 °
69 %
0.4kmh
95 %
Sat
18 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
10 °
Wed
12 °

Поврзани написи

Жоржињо паднал на допинг тестот?

Поранешниот италијански репрезентативец Жоржињо (34) наводно бил позитивен...

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ – претреси на повеќе локации

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет...

Мурињо пречкртал тројца играчи во Реал Мадрид

Жозе Мурињо веќе почна да го обликува Реал...

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама

Денеска, на протестот пред кабинетот на премиерот во...

ПСЖ замената за Кварацхелија ја најде во Баскија

Хвича Кваратцхелија заработи сериозна повреда на коленото на...