(Видео) Готвачката на Роналдо ќе заработи милион евра за една недела на јахта

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата партнерка, шпанската супермоделка Георгина Родригез, го планираат претстојниот одмор – на својата приватна јахта, кај шпанскиот остров Ибица. Покрај сите луксузни детали, двојката ќе има и приватна готвачка за ова патување, која за својата привремена работа, т.е. за само една седмица ќе заработи милион евра.

Се работи за Марта Гарсија Бу – позната инфлуенсерка која на социјалните мрежи се потпишува како Буки. Според наводите, Георгина ја исконтактирала Марта преку „Инстаграм“.

– Ако сакаат стек во 2:00 часот наутро, јас ќе се станам во 2:00 ч. наутро и ќе им го зготвам тоа. Тоа може да биде особено тешко бидејќи тие ќе патуваат како семејство, вклучувајќи ги и малите деца кои можеби имаат најголеми желби. Тоа ќе биде спектакл!, рече Марта.

Марта по образование е инженер и работи како консултант во реномираната компанија „Делоит“. Сепак, нејзините готвачки вештини ѝ донесоа поголема популарност. На „Тик-ток“ ја следат речиси половина милион луѓе, а на „Инстаграм“ има скоро 400.000 следбеници.

Популарноста на интернет ѝ донесоа прилично големо внимание на готвачката, па таа ја стекна и довербата на бројни познати личности, меѓу кои и шпанскиот пејач Кеведо.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
12.2 ° C
12.2 °
12.2 °
82 %
0.9kmh
86 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
15 °

Поврзани написи