Таравари излегува од Владата, АА оди во опозиција

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


 По состанокот на Алијансата на Албанците, претседателот Арбен Таравари вечерва на прес-конференција изјави дека ја напуштаат владината коалицијата и дека одат во опозиција.

-Денеска Алијанса на Албанците едногласно одлучи да оди во опозиција. Беше состанок на претседателите на ограноците, на многу функционери на АА на кој констатиравме дека минатата година со гордост ја донесовме промената во албанскит блок после 20 години и за тоа сме многу горди. Меѓутоа промените што ги ветивме за жал не ги испорачавме. Затоа ние одлучивме да се вратиме кај граѓаните. Да побараме од нив доверба во октомври за локалните избори, рече Таравари.

Според него, има огромно незадовоство посебно кај Албанците како владее ВЛЕН во оваа Влада, посочувајќи на законот за балансерот, за третманот на Албанците во институциите, а за нив е многу битен и европскиот пат на Македонија.

Таравари рече дека тие сега се во оставка и дека ќе заминат од Владата што ќе бидат избрани нови членови и заменици во Владата.

Со ДУИ засега, вели Таравари, нема никаков договор, но имало некаква комуникација. Таравари најави дека и покрај тоа што заминува во опозиција ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, но и со лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче. 

На состанокот не присуствуваше вицепремиерот Арбен Фетаи, кој според Таравари бил на пат, а еден од пратениците морал да замине кај семејството. 

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи