Минесота се пласираше во финалето на Западот, со 4:1 против Голден Стејт

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Екипата на Минесота успеа да слави дома против ослабените Вориорс, 121:110, и со вкупен резултат од 4:1 во серијата се пласираше во финалето на Западната конференција.

Рендл ја предводеше Минесота со 29 поени, осум скока и пет асистенции, Едвардс додаде 22 поени и 12 асистенции со седум скока, а Гобер имаше 17 поени и осум скока, со 8/9 од поле. Конли со 16, МекДениелс со 14 и Дивинченцо со 13 поени исто така беа со двоцифрен број на поени.

Кај Вориорс, Поџемски беше доминантен со 28 поени, Куминга додаде 26, а Батлер 17 со по шест скока и асистенции. Бади Хилд, кој неодамна имаше одличен настап, застана на осум поени и четири скока, овој пат Минесота го искористи максимално отсуството на повредениот Стеф Кари.

„Вулвс“ ќе се сретнат со подобриот од Оклахома Сити Тандер и Денвер Нагетс.



Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи