(Видео) Митев погоден со шише в глава – Навивачи на АЕК предизвикаа инцидент против Алкалоид

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп во кој вечерва Алкалоид го совлада АЕК (29-25) во Атина го одбележа инцидент на теренот предизвикан од навивачите на грчкиот тим.

Натпреварот одигран пред повеќе од 8.000 навивачи во олимписката „Сунел арена‘ беше во неколку минутен прекин, при водство на Алкалоид од 20-17 во 40 минута, откако предмет фрлен од навивачите на АЕК кон клупата на Алкалоид го погоди Дамјан Митев, јави дописничката на МИА од Атина.

По ова беше побарано од официјалните лица да се смират страстите, но следеше и чаша со вода фрлена кон теренот и гневни домашни навивачи, веројатно поради резултатот, да упатуваат пцости кон играчите на Алкалоид.

Тренерот на македонскиот тим Кирил Лазаров, заедно со играчите на АЕК, се упати кон трибината и ги смируваше домашните навивачи. Во салата, иако се играше европско финале, немаше присуство на полиција, и дури потоа за да не ескалира инцидентот на трибините дојдоа пет до шест полицајци.

Во продолжението на натпреварот по инцидентот домашните навивачи фрустрирани од резултатската негатива на нивниот тим не запреа со свирежите секој пат кога Алкалоид беше во напад.

Реваншот во Скопје е закажан за 25 мај во салата „Борис Трајковски“. 

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
scattered clouds
11.5 ° C
11.5 °
11.5 °
75 %
1.3kmh
39 %
Sun
15 °
Mon
13 °
Tue
9 °
Wed
10 °
Thu
12 °

Поврзани написи

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

На Сити му се заканува исфрлање од лигата и присилна продажба на клубот

Независниот фудбалски регулатор (IFR) ќе има „апсолутна моќ“...

Србија утре избира нов парламентарен состав

Речиси 6,5 милиони луќе утре имаат право да...

(Видео) Наполи водеше три пати и не успеа да ја победи Рома

Фудбалерите на Наполи и Рома одиграа нерешено 3:3...

(Видео) Автогол каков што не сте виделе – Челзи на колена пред Тотенхем

Градското дерби, во осмото коло на „Стенфорд Бриџ“,...