Клуж и Виена, веројатно и Хапоел ќе играат во АБА лигата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Големи промени се пред АБА лигата. Следната сезона, регионалното натпреварување ќе го гледаме во нов формат од дури 20 екипи. Оваа информација ја обајви „ТВ Арена спорт“.

Од следната натпреварувачка година, три екипи од тековната сезона ќе се натпреваруваат во Евролигата. Тоа се Црвена звезда, Партизан и Дубаи, а како што стојат работите, преговорите со Хапоел Тел Авив се финализираат.

Шампионот на Еврокупот сега само чека на конечната одлука на управниот одбор на АБА лигата.

Сопственикот на овој тим, Офер Јанај, веќе потврди во интервју за „Моцарт Спорт“ дека неговиот тим е заинтересиран да игра во АБА лигата, но под услов домашните натпревари да ги играат во сопствената земја.

Покрај израелскиот тим во АБА лигата ќе се натпреваруваат и романски Клуж и австриска Виена.

Доколку сите тимови добијат зелено светло на Собранието на регионалното натпреварување, кое е закажано за понеделник, АБА лигата ќе вклучува пазар од околу 70.000.000 гледачи.

Во својата историја, регионалното натпреварување никогаш немало четири екипи од Евролигата, па евентуалното влегување на Хапоел дополнително би го подигнало нивото на квалитет и интересот за лигата.

Како што додава „ТВ Арена спорт“, новиот формат ќе има 20 клуба кои ќе бидат поделени во две групи, а петте најдобро пласирани од двете групи одат во фазата Топ 10, додека преостанатите пет продолжуваат во плеј-аут натпреварувањето.

Бодовите од првата фаза се пренесуваат во втората, што значи дека секој натпревар има важност од самиот почеток.

Се разгледува и враќањето на Фајнал Фор турнирот, кој последен пат беше се играше во 2014 година во Белград, а наградата за новиот шампион потенцијално ќе се зголеми на дури 1.000.000 евра.



Преземено од: TopSport

Tetovo
light rain
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
58 %
1.6kmh
68 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Ново судење...

Бенјамин Шешко ќе отсуствува до крајот на годината

Манчестер Јунајтед, по синоќешниот дебакл во Комо, пораз...