Каде ќе се одржуваат рочиштата за трагедијата во „Пулс“?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Кривичниот суд се уште го нема добиено предметот за процесот за пожарот во кочанската импровизирана дискотека „Пулс“. Откако ќе го добие Судот ќе има рок од две недели за да каже дали обвинителниот акт се прифаќа или не.

Но доколку Кривичен го прифати, каде ќе се одржуваат рочиштата? Првиот човек на Управата за извршување на санкции вели дека дигиталната судница која се наоѓа во близина на Затворот во Идризово му стои на располагање на Кривичен за овој предмет.

Со оглед на тоа што во Обвинението за Пулс опфатени се 34 луѓе, Александар Пандов вели дека дигиталната судница има подобри услови за одржување на рочиштата.

-Судницата во Идризово е подготвена за судење, ако се побара од Судечкиот судија да има потреба, да сака таму да суди. Сепак, судијата и судот се тие коишто одлучуваат каде ќе се одвива судењето. Логиката мене ми кажува дека, јас изјавив пред месец дена за Адитив кога беше судењето, дека е за очекување зашто знам има многу обвинети таму и не сум сигурен дека во Кривичен има толку голема судница за да ги собере сите, вели Пандов.

Дигиталната судница има капацитет да собере до речиси 100 луѓе внатре. 

Претходно денеска Врховниот суд одлучи скопскиот Кривичен да го води судскиот процес, откако претходно кочанскиот суд побара изземање бидејќи сите петмина судии веќе биле инволвирани во носењето на одлуки за мерки за обезбедување на обвинетите. 

Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи со дипломатски одговор за обвинувањата од родителите на жртвите. Тие имаат право да прашуваат, државата е должна да одговори. Тошковски уверува, полицијата постапила професионално и неселективно во целиот процес.

„И покрај сите обвинувања, покажавме дека можеме да имаме еден нормален пристап кон работите и покрај сите обвинувања од страна на опозицијата. Покажавме дека без оглед на име и презиме, без оглед на кој инволвирал, кој бил близок со некого или кој не бил близок, дека Министерството за внатрешни работи знае да постапува професионално и никогаш нема да дозволи за оние за коишто има докази, за оние за коишто има услови на сомнение доведено на одредени ниво, да не процесуира постапка“, додаде Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Првата група од 46 повредени викендов ја почна рехабилитацијата на Пониква. Таму ќе бидат две недели, колку што ќе трае треманот за секоја од групите.





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
13 ° C
13 °
13 °
93 %
0.6kmh
76 %
Thu
13 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков

Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески,...

Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим

Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска...

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...