Семејна трагедија! Судар на камион со возач од Македонија и грчки автомобил, загинаа татко и син

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Невидена семејна трагедија се случила денес попладне на стариот магистрален пат Солун-Верија, кога автомобил се судрил со камион, при што загинале татко и неговиот малолетен син.

Несреќата се случила кратко по 16 часот, кога патничкото возило со четиричленото семејство се судрило, под сè уште нејасни околности, со камион, на делницата помеѓу Халкидони и Лудија.

Прототема.гр информира дека во автомобилот биле и сопруга на возачот и нивниот 9-годишен син, кои се повредени се пренесени во болница во Солун.

Возачот на камионот не е повреден во несреќата. Станува збор за 34-годишен маж по потекло од Северна Македонија, кој е уапсен по несреќата.

Во меѓувреме, според близок роднина на семејството, двојката со своите деца го посетила Солун на патување и шопинг и се враќала во село во Пела каде што живееле кога се случила несреќата. Како што рече тој, од моментот кога дознале што се случило, сите биле во состојба на шок, додека останува непознато точно како се случила фаталната несреќа.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
82 %
0.1kmh
20 %
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
8 °

Поврзани написи

ПСЖ замената за Кварацхелија ја најде во Баскија

Хвича Кваратцхелија заработи сериозна повреда на коленото на...

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...