Судот пресуди дека водата за пиење во Струмица била чиста, питка и биохемиски исправна – Реален Медиум за Реални Луѓе – Македонски Медиа Сервис

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Судот денеска донесе правосилна пресуда со која го потврди она што го зборувавме цела година во врска со водата за пиење во Струмица. Агенцијата за храна и ветеринарство лажела цела година, предизвикувајќи страв и паника кај населението од општина Струмица за наводна неисправност на водата, вели градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов во објава на својот фејсбук профил.

Костадинов ја објави пресудата на Апелацискиот суд од Штип и напиша „ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да остават цел град без вода само за да предизвикаат криза која потоа ќе ја користат за сопствени политички потреби“.

– За рејтинг се спремни да ги лажат луѓето дека не треба да пијат вода. Срам, мизерија и ниски страсти. Водата е чиста, питка и биохемиски исправна. За ваквите лаги на АХВ Општина Струмица и јас ќе поднесеме и кривична пријава до директорот на АХВ поради предизвикување на страв и паника кај населението, кое иако имаше питка вода за пиење, му беше забранувано и беше плашено да не ја пие, напиша Костадинов .

Инаку, лани од крајот на септември до крајот на октомври водата за пиење во Струмица беше забранета за употреба заради зголемено присуство на манган, а квалитетот на водата од водоводната мрежа отстапувал од вредностите и стандардите за квалитет на водата за пиење. 

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
8.3 ° C
8.3 °
8.3 °
79 %
0kmh
96 %
Sat
18 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
10 °
Wed
12 °

Поврзани написи

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама

Денеска, на протестот пред кабинетот на премиерот во...

ПСЖ замената за Кварацхелија ја најде во Баскија

Хвича Кваратцхелија заработи сериозна повреда на коленото на...

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...