„Нереално еспресо да чини 150 денари“- Ниски платите во угостителството и туризмот, работниците „бегаат“ во Хрватска и Словенија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Поскапени се угостителските услуги, но и прехранбените производи по завршувањето на владините мерки. Цените не ја одразуваат ралната економска состојба на граѓаните, посебно на работниците. Повеќето од нив не можат да си дозволат да се напијат кафе на плоштад зашто е енормно скапо, смета претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство занаетчиство и заштитните друштва на Македонија (СУТКОЗ), Стојанче Кашиковски.

Според него, апсолутно е нереално еспресо да чини 150 денари. 

-За жал, да, зголемени се цените на прехранбените производи, кафето и другите усгосителски услуги. Сведоци сме дека во последниот период, по завршувањето на мерките што ги донесе Владата има покачување на цените. Доказ за тоа е и Државниот завод за статистика кој пред извесен период излезе со податоци за инфлацијата во периодот мај – април. Видовме дека покачувањето е околу 3,3 отсто. Тоа е повеќе од доказ за она шти ние самите, граѓаните и работниците, го гледаме во продавниците и по пазарите, дека навистина има зголемување на цените. Доказ е, исто така, и синдикалната потрошувачка кошничка која е покачена по завршувањето на мерките за замрзување на цените на производите. Сметам дека цените не ја одразуваат ралната економска состојба со која нашите граѓани, работниците би можеле да си дозволат да се напијат кафе на плоштад. Според мене е енормно скапо, изјави Кашиковски по потпишувањето на Меморандумот за соработка со партнерите од Италија, Бугарија и Малта.

Одговорајќи на новинарски прашања, Кашиковски рече и дека поради ниските плати во угостителството и туризмот, нашите работници од овие два сектора си заминуваат во соседните земји или во државите членки на ЕУ.

-За жал, нашите социјални партнери, работодавачите, постојано алармираат на недостатокот на кадар во секторите угостителство и туризам. Според нас, причината за тоа се ниските плати што ги земаат работниците во овие два сектора. Гледаме нивно секојдневно заминување во еврпските и околните земји каде имаат повисоки плати. Својата егзистенција овие работници ја наоаѓаат или во соседството или во земјите од ЕУ како Хрватска и Словенија, истакна претседателот на СУТКОЗ.

Синдикалниот претставник  од Бугарија Јордан Јорданов и носител на проектот за чие завршување денеска беше потпишан Меморандумот за соработка, информира дека во на плоштадот во Софија еспресо е две евра. Како што рече, за две евра во ценаторт на главниот град може да се напиете добро кафе. 

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
scattered clouds
8.4 ° C
8.4 °
8.4 °
78 %
0.6kmh
42 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...