Концерт на Игор Џамбазов во „Антички театар“- Охрид

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Овој петок, на 18.07.2025 година во локал Харбор – Охрид во 11 часот ќе се одржи PRESS конференција по повод концертот на македонскиот актер, шоумен и музичар Игор Џамбазов и неговите постојани соработници „Гуру Харе бенд“ кој ќе се одржи на „Антички театар“ во Охрид, а е закажан за во сабота, на 19 јули.

На прес конференцијата ќе бидат соопштени сите детали за програмата, како и останатите поединости во врска со концертот кој долго се очекува. На истиот планирана е изведба на најголемите хитови на Џамбазов: „Диши длабоко“, „Да си жив и здрав“, „Каква е оваа ситуација“, „Скопјанец в Битола“, „Скопје – Сарај – Матка“, „Племето и семето“, „Фотографија“, “Труба” „Време за плачење“, „Хотел Македонија“, “Македоникејшн” „Во бестрага“ како и материјалот од новиот албум „Првите триесет“. Концертот во вид на телевизиски проект ќе го снима МРТВ.

Влезниците можат да се набават преку продажната мрежа на: www.mktickets.mk и на тезга – пунктот кај „Аждерот“ во Охрид.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
10.4 ° C
10.4 °
10.4 °
93 %
1.2kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
14 °

Поврзани написи