Ана Петановска и Дадо Топиќ победија на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Ана Петановска и Дадо Топиќ победија на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват.

Една од најталентираните млади македонски пејачки и легедарниот хрватски рокер од Црна Гора се враќаат со прва награда за песната „Небо“, чија музика ја напиша Григор Копров , текстот е на Дадо Топиќ, а аранжманот е на Стефан Петановски, братот на Ана.

„Прва награда, „Златен Бисер” на овогодинешниот „Бисер на Јадранот“ за песната “Небо” со Дадо Топиќ, емоциите се тука. Ви благодарам од срце мили луѓе, за сите коментари, желби, честитки и несебична поддршка . Огромна благодарност до фестивалот, Дадо Топиќ и Григор Копров за искрениот ветер во грб и за целиот ангажман“, вели Ана Петановска.

“Мотото на фестивалот годинава беше „Тиват го спојува регионот“, и навистина беше така, со многу мои драги колеги се дружев деновиве. Песната „Небо“ која ја пеев со Ана ми се допадна „на прва топка“, нејзиниот глас е реткост во денешно време. Без оглед на тоа колку награди сум добил, на секоја ѝ се радувам како да ми е прва“, рече Дадо Топиќ.

Григор Копров и Дадо Топиќ се стари пријатели и соработници. Во 2023 и 2024 Топиќ беше гостин на фестивалот „Охрид фест-Охридски трубадури“, чиј директор е македонскиот композитор. Лани, Топиќ во Охрид прослави 60 години кариера и ја изведе песната „Македонија“. Годинава, „Охрид фест“ ќе се одржи на сцената на „Долни Сарај“ на 29 и на 30 август. Фото: Зоран Радоњиќ

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
13.6 ° C
13.6 °
13.6 °
87 %
1.2kmh
83 %
Wed
13 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...