Приведен кавадарчанец кој со остар предмет им се заканувал на сограѓанин и малолетник

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Приведен бил кавадарчанец кој со остар предмет им се заканувал на сограѓанин и малолетник, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

-Синоќа во 23:25 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишија од слобода Д.С., на возраст од 29 години. Околу 22:30 часот, тој се обидел со остар предмет да го нападне А.И., 29-годишно лице од Кавадарци, по што околу 23:10 часот во парк во градот, пред повеќе малолетници, со остар предмет се заканил на еден малолетник, појаснуваат од СВР – Велес.

Д.С. бил задржан во полициска станица, а предметот бил пронајден и одземен. Известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот, како што се истакнува, против Д.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Од СВР – Велес информираат и дека вчера во 12:45 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци ги привеле С.Д., на возраст од 28 години од Неготино и Ј.Ф., 22-годишно лице од Кавадарци, затоа што на кавадаречки пазар го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

-По документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, додаваат од СВР – Велес.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
scattered clouds
15.2 ° C
15.2 °
15.2 °
65 %
0.6kmh
35 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
15 °
Tue
15 °

Поврзани написи