Битката за Чаир клучна на локалните избори

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Само техничка работа била адресата на живеење во скопски Бутел, смета вицепремиерот Изет Меџити кој е и кандидат на Вреди во Чаир и покрај тоа што Изборниот законик бара учесниците на локалните избори да имаат живеалиште во општината во која конкурираат. Меџити не сакаше да каже дали ќе ја промени адресата на живеење за да го исполни законскиот услов, но тврди дека има право на учество на изборите бидејки бил роден и живее во Чаир.

Битката на Меџити во Чаир ќе биде клучна за тоа дали Вреди ќе го задржи својот статус во Владата на Мицкоски, особено затоа што влогот од ДУИ екренат многу високо – против кандидат ќе му биде Бујар Османи од ДУИ. Вицепремиерот е убеден во победа, но и дека ако изгуби нема да си поднесе оставка од владината функција. 
Тој денеска промовираше нова градинка во Чаир. За анајголемиот аргумент на Османи – дивоградбите, вели дека лицемерно е тој да го одзема правотот з алегализација кога самиот живее во таков дом.

Но, дивоградбите во Чаир, не се единствениот мегдан на кој денеска пораки со меѓусебни обвинувања си испраќаа алабанските партии. Од Вреди денеска излегоа со обвинувања против Османи за сомнителни тендери поврзани со организацијата на самитот на ОБСЕ во 2023 кога тој беше министер за надворешни работи. Велат дека ревизорскиот извештај покажал дека биле потрошени над 120 милиони денари  документација што точно е испорачано, инсталирано или оставено како трајна опрема во салата „Борис Трајковски“;
„ВЛЕН јавно прашува: Дали ова е човекот кој треба да ја води Чаир? Дали Чаир заслужува да стане следна жртва на коруптивниот ракопис на Бујар Османи? Чаир заслужува чесност, развој и отчетност. Не заслужува човек чие име се повторува во секој извештај за криминал и злоупотреба“, коментираат од Вреди.

Интегративците пак, во одбрана на својот кандидат велат дека министерскиот состанок на ОБСЕ бил најголемиот и најдобро организиран меѓународен настан во историјата на државата.

„Ниту еден извештај не утврдил незаконитост. Ниту една постапка не е прекршена. Ниту еден договор не е нелегален….Разбираме дека за оние кои никогаш немаат организирано ништо со меѓународна вредност е полесно да шират клевети отколку да ја прифатат реалноста, одговорија од ДУИ.  

 





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
58 %
1.6kmh
68 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Ново судење...

Бенјамин Шешко ќе отсуствува до крајот на годината

Манчестер Јунајтед, по синоќешниот дебакл во Комо, пораз...