Да се знае што е жена а што маж! Движењата за традиционалните родови улоги сѐ попопуларни меѓу младите во Европа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Движењата што промовираат враќање на традиционалните родови улоги кај младите луѓе во Европа доживуваат остар пораст, пишува порталот „Н-1“.

Тие движења ги вклучуваат и модерните ознаки „Традвајфс“ (‘tradwives’ / ‘традиционални сопруги’) и „мажосфера“ (‘manosphere‘ – заедница на мажи кои ја слават и поттикнуваат „алфа-машкоста“), според списанието „Парламент“ (The Parliament). Од друга страна, пак, истражување на платформата за медиумска аналитика „Мелтвотер“ (Meltwater),  посочува дека меѓу јануари и април оваа година, ознаките како #Tradwife, #FeminineNotFeminist (‘женствени а не феминистки’) или #BiblicalWomanhood (‘библиска женственост’) – бележат најголем раст во Холандија, Полска, Финска и Шведска. Истражувачите го наведуваат примерот на данско-руската инфлуенсерка Екатерина Андерсен, која го опишува својот живот како „живо православие“ објавувајќи на „Инстаграм“ слики од, според неа – совршеното домаќинство, со примери од рачно везени престилки, па сѐ до совршено стилизирани фризури од 1950-тите.

„Традиционалната женственост не значи откажување од образованието, интересните професии или радоста и уживањето вон домот. Станува збор за тоа да се биде различен од мажите и таа разлика да биде нормална, добра и свесно прифатена“, пишува Андерсен во една објава.

Во истовреме, „Гугл трендс“ (Google Trends) покажува дека Белгија, Германија, Норвешка, САД и Австрија се земјите со најголем број пребарувања на поимот за „Традвајвс“ изминативе 12 месеци.

Од друга страна, „Мажосферата“ ги привлекува младите мажи „со ветувања за индивидуален излез од економската несигурност и враќање на статусот и престижот“, се наведува.

– Тие им велат: „Во ваша моќ е да излезете од оваа состојба“. Тоа често е поубедливо од традиционалниот повик на левичарското крило за организирање и долгорочна борба, објаснува Хавиер Карбонел Кастањер од Европскиот центар за политики, забележувајќи дека публиката на содржината на „мажосферата“ честопати се преклопува со гласачите на крајната десница.

Сесил Симонс од Институтот за стратешки дијалог, со седиште во Лондон вели дека обете движења го искористуваат разочарувањето на младите генерации од либералниот феминизам.

– Дури и ако сте релативно привилегирана млада жена во Европа денес, Вие гледате дека феминизмот не дава резултати за мнозинството – не сте добиле унапредување со години, инфлацијата расте, а Вие сте исцрпени, вели Симонс.

Иако овие трендови не се секогаш претерано политички насочени, се вели, вредностите што ги промовираат, со нагласката на мајчинството, биолошките разлики и правото на жените да останат дома, јасно се совпаѓаат со приоритетите на крајната десница, особено во контекст на пронаталистичките политики и стремежите за жените да преземат повеќе неплатена работа во ова време на демографски пад, се вели во анализата.  

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
88 %
0.1kmh
0 %
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
4 °

Поврзани написи

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта изјави дека...