„Граѓанските иницијативи од Платформата „Независни заедно”, ја имаат честа да ја претстават истакната борка за правда, антикорпуционерка и една од најреспектабилните јавни личности, Билјана Ивановска, како независна кандидатка за градоначалничка за Општина Центар“.
Со оваа најава за утрешната прес конференција е претставена поранешната претседателка на Комисијата за борба против корупцијата и конфликт на интереси, Билјана Ивановска, како фаворит на претстојните Локални избори на 19 октомври на граѓанските иницијативи:„Шанса за Центар”, „Зелените за Гази Баба” и граѓанската иницијатива „398″.
Влегувањето на Ивановска во изборната трка најавува интересен пресврт во досегашната црно – белата изборна слика.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Преземено од: Линк













