ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Европската унија остро го осудува секој чин на насилство, вклучително и заканите кон новинарите, и повикува на прекин на секоја ескалација на тензиите, изјави денеска портпаролот на Европската комисија, Гијом Мерсие, како реакција на настаните за време на синоќешните протести во Србија.

Наведувајќи дека ЕУ „многу внимателно“ ја следи ситуацијата, Мерсие нагласи дека „правата на мирни демонстрации и слободата на собирање мора да се почитуваат и дека властите мора да ги заштитат учесниците на собирите од штета или насилство“.

Потсетувајќи на важноста на слободата на медиумите и слободата на изразување, ЕУ изјави дека „независните медиуми мора да бидат способни да ја извршуваат својата улога како контролори со цел да се зголеми транспарентноста и одговорноста на јавните личности и институциите“.

Мерсие истакна дека ЕУ внимателно ќе ги следи сите тие прашања во контекст на преговорите со Србија за членство во ЕУ.

Фундаменталните права и вредности се во сржта на нашиот заеднички европски проект и мора да се почитуваат, рече Мерсие.

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, оцени дека извештаите за насилство на протестите во Србија се многу загрижувачки.

„Извештаите за насилство за време на неодамнешните протести во Србија се многу загрижувачки. Напредокот на патот кон ЕУ бара граѓаните слободно да ги изразуваат своите ставови и новинарите да можат да известуваат без заплашување или напад“, објави Марта Кос на социјалната мрежа X.

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
12.2 ° C
12.2 °
12.2 °
82 %
0.9kmh
86 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
15 °

Поврзани написи