Трамп: САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја исклучува можноста за распоредување на американски војници на украинска територија, но не ја исклучува опцијата САД да обезбедат воздушна поддршка како дел од мировен договор за прекин на војната на Русија против Украина.

Ден по вонредниот Самит во Белата куќа, на кој Трамп вети безбедносни гаранции за прекин на војната, останува неизвесно каква конкретна воена поддршка би можела да добие Украина. САД и нивните сојузници сè уште ги прецизираат можните чекори.

– Кога станува збор за безбедноста, (Европејците) се подготвени да испратат војници на терен. Ние сме подготвени да помогнеме на различни начини, особено, најверојатно… од воздух, изјави Трамп за „Фокс њуз“.

Во подоцнежно интервју за радио-водителот Марк Левин, Трамп го опиша својот стил на преговарање во обидите за завршување на конфликтот како „повеќе инстинкт, отколку процес“.

Само неколку часа по посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон, Русија изведе најголем воздушен напад врз Украина во последниот месец, испукувајќи 270 дронови и 10 ракети. Според украинските воздушни сили, нападите предизвикаа големи пожари во енергетски постројки во регионот Полтава, каде што се наоѓа единствената нафтена рафинерија во земјата.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
scattered clouds
15.2 ° C
15.2 °
15.2 °
65 %
0.6kmh
35 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
15 °
Tue
15 °

Поврзани написи