Кривична за 26-годишник од Скопје, кој на 16 август лажно пријави за подметната бомба во авион на скопскиот аеродром

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР – Сектор за борба против тероризам, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава по брза постапка против С.А.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тероризам“ по член 394 – б од Кривичниот законик.    

По преземени мерки и активности дојдено е до сознание дека на 16.08.2025 во 02.41 часот лажно пријавил дека е поставена бомба во авион кој од Меѓународниот аеродром Скопје требаше да полета кон Република Турција, по што аеродромот беше затворен за сообраќај неколку часа, а планираните летови, исто така, беа одложени за неколку часа, односно до завршување на антитерористичките проверки. При преземањето мерки, на 20.08.2025, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на С.А. на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени предмети поврзани со настанот, а тој бил лишен од слобода. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото.





Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
9.7 ° C
9.7 °
9.7 °
87 %
0.2kmh
0 %
Fri
10 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
13 °

Поврзани написи

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта изјави дека...