(Видео) Србија ја победи Португалија – Петрушев исклучен, Богдановиќ се повреди, а селекторот Пешиќ во клинч со Мициќ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Најголемиот фаворит за златниот медал на Евроското првенство во кошарка, Србија, потешко од очекувањата ја победи Португалија во второто коло со 80:69.

Србите не беа на ниво, селекторот Пешиќ реше дека со „главите биле на некое друго место“, до победата ги предводеа Никола Јокиќ со 23 поен и 10 скока, односно Никола Јовиќ со 18 поени.

Покрај лошата игра Србите се соочија со неколку проблеми по овој натпревар.

На почетокот на мечот поради неспортски потег, удриање на противнички играч беше исклучен Филип Петрушев. Медиумите шпекулираат дека крилниот центар ќе нема да помине само со исклучувањето, туку и дека ќе добие суспензија од ФИБА.

Во финишот на првото полувреме се повреди капитенот Богдан Богдановиќ. Веднаш го нашушти теренот и повеќе не се врати во игра. Селекторот Пешиќ на прес конференцијата информира дека Богдановиќ ќе мора да оди на дополнителни прегледи за да се утврди степенот на повредата.

И за крај, на почетокот на последната четвртина, селекторот Пешиќ остро реагираше кога Василије Мициќ нерезонки заврши една акција во нејзиниот зачеток, шутна тројка во раната фаза од нападот. Пешиќ го повлече Мициќ од игра, а на клупата имаше жесток разговор со него.

Србија во сабота од 17 часот игра против домаќинот Летонија.

Foto/ FIBA





Преземено од: TopSport

Tetovo
scattered clouds
15.2 ° C
15.2 °
15.2 °
65 %
0.6kmh
35 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
15 °
Tue
15 °

Поврзани написи