Попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд и за кратко време ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар, како и со засилен ветер од над 60 километри на час и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 35 степени Целзиусови.

И во Скопје, претпладне ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 35 степен Целзиусови.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи