(Видео) Крофорд влезе во историјата на боксот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Американскиот боксер Теренс Крофорд го победи легендарниот Канело Алварез и стана првиот човек во историјата на овој спорт кој ја освои титулата апсолутен шампион во дури три различни тежински категории.

Во спектакуларен меч одржан пред повеќе од 65.000 гледачи, публиката имаше можност да види дуел на кој се чекаше со децении.

Крофорд го наметна својот ритам од самиот почеток, лесно се движеше и со прецизни директни удари го неутрализира Мексиканецот.

До средината на борбата, на Алварез му беше јасно дека му е потребен прекин за да го сврти резултатот. Во неколку наврати успеа да му нанесе на противникот моќни удари во телото и главата, но Крофорд успеа да го контролира натпреварот.

Седмата и деветтата рунда беа импресивни кога публиката се крена на нозе по отворените размени. Карфорд „заработи“ рез над окото во таа прилика.

На крајот од мечот Крофорд покажа искуство и смиреност, во 12-та рунда немаше потреба да ризикува, бидејќи сè веќе беше јасно.

Крофорд на крајот го победи Алварез со едногласна одлука (115-113, 115-113, 116-111) и постигна невиден подвиг: во ерата на четири појаси, тој стана првиот боксер кој ги обединил сите светски титули во третата различна тежинска категорија.

Foto/ EPA



Преземено од: TopSport

Tetovo
scattered clouds
8.4 ° C
8.4 °
8.4 °
78 %
0.6kmh
42 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...