Жител на струшко Велешта осомничен за три кривични дела

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Основното јавно обвинителство Струга поведе истрага против 34-годишен жител на Велешта за неколку кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи. Предизвикување општа опасност и Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Како што соопшти ОЈО, осомничениот, на 16 септември, при расправија со три лица од Дебар со кои имал од претходно влошени односи, извадил пиштол кој го поседувал без дозвола и кон еден од оштетените испукал неколку пати во долниот дел од нозете. Му нанел две лесни телесни повреди, а потоа влегол во возилото со намера да избега.

– Не ја почитувал наредбата на полициски службеник, кој му наредил да застане и движејќи се наназад со автомобилот го удрил полицаецот на кого исто така му нанел телесна повреда, стои во соопштението на ОЈО.

При увидот се пронајдени нож и метална шипка, па се преземаат и дополнителни дејствија на проверки  со цел да се испита нивната употреба во настанот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. 

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
9.5 ° C
9.5 °
9.5 °
93 %
0.8kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
15 °

Поврзани написи