Околу 200 000 граѓани вадат документи онлајн, на uslugi.gov.mk се издаваат по 13.200 месечно

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Сите три потврди за неосудуваност (казнена, кривична и прекршочна евиденција), уверение за државјанство, петте најкористени услуги од Катастарот, потврдите за стаж од Агенцијата за вработување и Фондот на ПИОМ, се само некои од документите што граѓаните може да ги извадат онлајн и за многу кратко време од Националниот портал https://uslugi.gov.mk/. Кога Порталот почна со работа се даваа по 1 200 услуги месечно, а сега по 13 200. Зголемен е и бројот на корисници, од околу 100 000 на 200 000, рече денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Според него, денес се скоро 70 институции „закачени“ на Платформата за интероперабилност, а во почетокот беа 40.

– Интероперабилноста значи дека тие веќе разменуваат податоци меѓу себе и како што најавив, до крајот на мандатот ќе се обидеме сите најкористени услуги од граѓаните да ги донесеме на Националниот портал https://uslugi.gov.mk/. Искористеноста е голема, од 1 200 услуги месечно што беа давани од порталот кога почна со работа, денес се 13 200, а бројот на корисници од околу 100 000 е зголемен на 200 000. Тоа значи дека граѓаните го препознаваат. Државјанство се вади целосно онлај и излегува за една минута, а потврдите за неосудуваност излегуваат за многу кратко време и не треба да одите до градот од каде потекнувате за да ги добиете, истакна Андоновски на прес-конференција одговорајќи на новинарски прашања.

Последна дигитализирана, напомена министерот, е услугата на Државниот завод за статистика што ја користат сите студенти при запишување година или семестар.

Андоновски на прес-конференцијата го најави претстојниот „Дигиталниот самит на Западен Балкан 2025 (WBDS25)“.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
scattered clouds
11.5 ° C
11.5 °
11.5 °
75 %
1.3kmh
39 %
Sun
15 °
Mon
13 °
Tue
9 °
Wed
10 °
Thu
12 °

Поврзани написи

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

На Сити му се заканува исфрлање од лигата и присилна продажба на клубот

Независниот фудбалски регулатор (IFR) ќе има „апсолутна моќ“...

Србија утре избира нов парламентарен состав

Речиси 6,5 милиони луќе утре имаат право да...

(Видео) Наполи водеше три пати и не успеа да ја победи Рома

Фудбалерите на Наполи и Рома одиграа нерешено 3:3...

(Видео) Автогол каков што не сте виделе – Челзи на колена пред Тотенхем

Градското дерби, во осмото коло на „Стенфорд Бриџ“,...