Д-р Шаини е пуштен на домашно лекување, ДУИ обвинува случајот е обид за атентат

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Полицијата се уште трага по напаѓачот кој пукаше во д-р Шаини носител на советничка листа од ДУИ во Липково. Од обвинителството кратко соопштија дека МВР трага по сторителот а ОЈО Куманово ги издава сите потребни наредби за случајот.

Д-р Зеќирија Шаини по санирање на повредите на клиниката за пластична хирургија денеска е пуштен на домашно лекување.  Од ДУИ реагираат дека ова е настан со силни индикации за атентат и бараат од надлежните итна, сериозна и транспарентгна реакција. Според нив прикривањето на вистината и релативизирањето на настанот е неприфатливо и опасно. 

Опозициската СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи, велат нарушена е безбедноста на граѓаните со секојдневните дивеења на улиците. 

Не е само последното пукање во Куманово, непрекинатиот раст на вооружените и насилни инциденти во различни градови е сигнал за целосно системско потфрлање на безбедниот апарат, нема ниту превенција ниту соодветна реакција.

За тоа мора да има одговорност.

Министерот Тошковски претходно одговори на ваквите барања од опозицијата, вели дека нема да поднесе оставка и ќе продолжи со решавање на проблемите и расчистување на нередот што го оставиле од СДСМ.

Кога не можат да најдат реален пропуст – го измислуваат. А кога ќе се случи вистински настан, како инцидентот со пукањето во Куманово, веднаш го претвораат во нова доза политичка хистерија. Пред да заврши увидот, пред да има резултати, тие бараат оставка. За нив секој трагичен настан е средство за политичка пресметка

Доктор Шаини вчера беше застрелан додека се движеше со својот автомобил. Од снимките на безбедносните камери се гледа како маскирано лице го чека на улицата и пука диретно во него. Инцидентот се случи на само 50 метри од полициската станица во Куманово. 





Преземено од: Линк

Tetovo
scattered clouds
11.5 ° C
11.5 °
11.5 °
75 %
1.3kmh
39 %
Sun
15 °
Mon
13 °
Tue
9 °
Wed
10 °
Thu
12 °

Поврзани написи

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

На Сити му се заканува исфрлање од лигата и присилна продажба на клубот

Независниот фудбалски регулатор (IFR) ќе има „апсолутна моќ“...

Србија утре избира нов парламентарен состав

Речиси 6,5 милиони луќе утре имаат право да...

(Видео) Наполи водеше три пати и не успеа да ја победи Рома

Фудбалерите на Наполи и Рома одиграа нерешено 3:3...

(Видео) Автогол каков што не сте виделе – Челзи на колена пред Тотенхем

Градското дерби, во осмото коло на „Стенфорд Бриџ“,...