Во август 280 одобренија за градење, од кои 179 за високоградба, предвидени 646 станови

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во  август годинава издададени се 280 одобренија за градење,  за 1.8 проценти повеќе во однос на август лани. Најмногу одобренија за градење, 179, се за високоградба.

Југоисточниот е регионот со најмногу одобренија за градење во август, 61, по што следуваат Полошкиот со 60 и Скопскиот со 46. За изградба се предвидени 646 станови, покажуваат денеска објавените податоци на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 241 279 000 денари, што е за 8 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 179 (63.9 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 31 (11.1 процент) за нискоградба и  70 (25 проценти) за објекти за реконструкција. На 166 (59.3 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 114 (40.7  проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Предвидените 646 станови за изградба во извештајниот период се со вкупна корисна површина од  64 251 метри квадратни. Кај вкупниот број на станови во август годинава има зголемување за 21, 7 проценти во однос на август лани, а кај вкупната корисна површина за 22 проценти.

Одбренијата за градење во август покажуваат дека во Југоисточниот регион ќе се градат 267 станови, 232 во Југозападниот, 58 во Полошкиот, по 30 во Скопскиот и во Пелагонискиот, 22 во Вардарскиот, седум во Источниот а ниту еден во Североисточниот регион.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
88 %
0.1kmh
0 %
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
4 °

Поврзани написи

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...