Две лица од Неготино криумчареле седум мигранти, меѓу кои пет малолетници

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


На 09.10.2025, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода Б.М.(25) и В.Ч.(27), двајцата од Неготино.

На 08.10.2025 околу 18:20 часот на автопатот Демир Капија-Неготино, на место викано „Острово“, полициски службеници извршиле контрола во патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, при што затекнале седум лица мигранти (шест од Египет, меѓу кои пет малолетници и едно од Ирак).

По преземени мерки констатирано е дека  В.Ч. со патничко возило „опел астра“ со неготински регистарски ознаки бил претходница и го известувал Б.М. за поставеноста на полициски патроли на патот. 

Известен е јавен обвинител, а лицата се задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.





Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
12.1 ° C
12.1 °
12.1 °
81 %
0.1kmh
9 %
Fri
11 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
13 °

Поврзани написи