10 годишно дете гризнато од глушец во скопски Капиштец

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Заразите повеќе не се само закана, Скопје го има првиот случај што го вклучува здравствениот аларм. 10 годишно дете е гризнато од глушец на детско игралиште во Капиштец. За Сител мајката на петтоодделенецот раскажува како од детска игра нејзиниот син завршил на инфективната клиника. Инцидентот се случил по наставата, каде децата секојдневно се играле. На игралиштето претрчувале повеќе глувци и стаорци поради насобраниот смет во и околу контејнерите. Децата незнаејќи за опасноста од глодарите се впуштиле во спасувачка мисија на заглавен глушец. 

Загрижената мајка апелира до институциите посериозно да пристапат на проблемот за да се спречат слични инциденти и зарази. 

Сметот околу овие контејнери денеска бил исчистен, но состојбата е и натаму загрижувачка во целиот град. Нечистењето на ѓубрето во Скопје стана предмет и на истражните органи. Обвинителството од вчера издаде наредба за истражување на евентуално кривично дело во ЈП Комунална хигиена. Полицијата веќе прибавила документација од просториите на комунална хигиена и од просториите на актуелната градоначалничка на Скопје. 

Од Синдикатот на комуналните заедници реагираат дека се соочуваат со доцнење на платите, недостиг на возила и ресурси за работа а за тоа директно го обвинија раководството на претпријтието. Оддржале состанок со СУТКОЗ на кој иако повикани велат не дошол ниту директорот ниту останатите од управниот одбор на ЈП Комунална хигиена.  

„И покрај тоа што се доцни со исплатата на платата за септември, вработените редовно ги извршуваат своите задачи со ограничени ресурси.Ќе ги преземеме сите мерки против раководството, согласно законите и колективните договори – од кривични пријави до иницијативи пред Инспекторатот за труд“ – соопштуваат од СУТКОЗ и ССМ.

Арсовска на социјалните мрежи повторно го прозва премиерот и ја обвини владејачката структура дека е виновна за проблемот со сметот во главниот град. 

Проблемот со ѓубрето е апсолвирана тема, здружено со ТВОИТЕ кадри ВИЕ го креирате и континуирано правите хаос, кој бидејќи сте “способни” ќе го “решите” за 72 часа. Да заклучиме штом се средува за 72 часа ептен било лесно да се реши, не знам што чекавте до сега, многу пати те повикав во интерес на граѓаните да соработуваш. Нормално лесно ќе го решите проблемот кој вие го креирате, а можевте и до сега, знаеш колку пати 72 часа поминаа во овие 4 години. 

Скопските градоначалници со денови самостојно се организираат за да расчистат дел од сметот кој ги преплави општините. Акција за чистење на контејнерите организираше градоначалникот на Аеродром кој повика на помош механизација од приградските општини. 

Додека истражните органи испитуваат зошто дојде до оваа состојба во главниот град, ЗЕЛС одржа состанок како да се справат општините со ѓубрето. 





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
13.2 ° C
13.2 °
13.2 °
69 %
0.4kmh
95 %
Sat
18 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
10 °
Wed
12 °

Поврзани написи

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ – претреси на повеќе локации

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет...

Мурињо пречкртал тројца играчи во Реал Мадрид

Жозе Мурињо веќе почна да го обликува Реал...

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама

Денеска, на протестот пред кабинетот на премиерот во...

ПСЖ замената за Кварацхелија ја најде во Баскија

Хвича Кваратцхелија заработи сериозна повреда на коленото на...

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...