Почина поранешниот американски потпретседател Дик Чејни

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Поранешниот потпретседател на САД Дик Чејни почина на 84 години,соопшти неговото семејство, пренесе Би-Би-Си.

Чејни долги години беше дел од републиканската администрација и потпретседател на поранешниот претседател Џорџ В. Буш во периодот помеѓу 2001 и 2209 година.

Тој беше централна фигура во инвазијата на Ирак во 2003 година од страна на САД и сојузничките сили.

Чејни, исто така, беше министер за одбрана под Џорџ Буш постариот, помеѓу 1989 и 1993 година.

Претоа, Чејни беше шеф на кабинет на Џералд Форд во Белата куќа во 1970-тите, пред да помине една деценија во Претставничкиот дом.

Поранешен бизнисмен, Чејни беше претседател на одбранбената фирма „Халибартон“, а во личниот живот беше страствен ловец.

Неодамна предизвика политичка контроверзност кога ја даде својата поддршка на демократската претседателска кандидатка Камала Харис на изборите во САД во 2024 година.

Чејни беше најпознат како централна фигура во „војната против теророт“ на Џорџ В. Буш по нападите на 11 септември во 2001 година и еден од првите застапници на инвазијата на Ирак, пренесе Би-Би-Си.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
58 %
1.6kmh
68 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи