Рокас му го предаде извештајот за Македонија на Гаши

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Евроамбасадорот Рокас му го предаде извештајот на собранискиот спикер Гаши. На затворена седница во Законодавниот дом го претстави пред координаторите на пратеничките групи.

Бројни се забелешките за тоа што е направено, односно тоа што не е направено. А не е направено ништо во судството и во поглед на владеењето на правото.

Уставните измени остануваат блокада на европскиот пат на Македонија. Брисел го повика Собранието да ги направи конкретни чекори за внесување на Бугарите во Уставот.

Трагедијата од Кочани во која загинаа 62 млади луѓе според ЕУ, предизвика протести поради коруптивни практики, системска институционална негрижа и недостаток на надзор врз основните безбедносни стандардари и владеењето на правото.

Позитивен исчекор, од друга страна, е целосната усогласеност на Македонија со надворешната и безбедносната политика на Унијата. Вклучително и политиките околу Украина и руската инвазија.

За јавната администрација ЕК нотира дека Македонија е умерено подготвена за реформите. Со главен акцент дека се добри чекорите со реформските закони кои беа донесен летоска.

Експертите велат, ЕУ е единствена во ставот дека уставните измени мора да се спроведат, па Македонија кога-тогаш ќе мора да ги спроведе.

Црна Гора е државата која доби најдобра оценка од ЕУ. Брисел ги подели земјите од Западен Балкан, Молдавија и Украина во две групи.

Во првата, која забрзано чекори кон Брисел се Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина. Додека Македонија е во втората група, која треба да направи значителен исчекор напред, во друштво со Србија и Босна и Херцеговина.





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
13.6 ° C
13.6 °
13.6 °
87 %
1.2kmh
83 %
Wed
13 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...