Љутков: Македонија останува посветен партнер во остварувањето на мисијата на УНЕСКО

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Министерот за култура и туризам и претседател на Националната комисија на УНЕСКО, Зоран Љутков, учествува на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, што се одржува во Конгресниот центар „Патот на свилата“ во Самарканд, Република Узбекистан.

Во своето обраќање министерот Љутков ја истакна заложбата на Република Македонија за унапредување на соработката со УНЕСКО и активното учество во реализацијата на иницијативите што ги обединуваат образованието, науката, културата и иновациите во функција на одржлив развој.

-Нашата држава негува посебен респект кон УНЕСКО, организација која со своето дејствување го оправдува своето постоење преку промовирање на универзалните вредности и развојни цели од заеднички интерес. Горди сме на придонесот што го вложуваме во промовирањето и имплементирањето на активностите на организацијата на национално, регионално и меѓународно ниво, истакна министерот Љутков.

Тој нагласи дека  македонската Влада посветува особено внимание на областите што се во фокусот на УНЕСКО — заштитата на културното и природното наследство, справувањето со климатските промени и развојот на новите технологии, дигитализацијата и вештачката интелигенција.

Љутков потсети дека во доменот на образованието, со поддршка на УНЕСКО, е изработен извештај за квалитетот на националниот образовен систем кој потврдува дека земјата се движи во насока на еднаков пристап, инклузија и безбедна училишна средина.

Осврнувајќи се на културната соработка, Љутков ги потенцира активностите реализирани во рамките на 20-годишнината од Конвенцијата за заштита и унапредување на разновидноста на културните изразувања (2005), во кои активно се вклучени националните институции, фестивалите „Охридско лето“, „Струшки вечери на поезијата“ и „Мајски оперски вечери“.

Посебно внимание, како што нагласи министерот, се посветува на заштитата на културното и природното наследство, со акцент на Охридскиот Регион – впишан на Листата на светско наследство на УНЕСКО пред повеќе од четири децении. „Како држава сме исправени пред предизвикот да ја зачуваме неговата исклучителна универзална вредност и да ја оправдаме довербата што ни е укажана,“ истакна Љутков.

Тој потсети и дека „Традиционалната изработка и свирење на гајда“ е впишана како мултинационален елемент на Репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото, а македонски експерти веќе работат на нови номинации.

Министерот изрази благодарност до Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа со седиште во Венеција за континуираната поддршка и потсети дека Македонија годинава претседава со Советот на министри за култура на Југоисточна Европа, во рамките на иницијативата Јакнење на културата во функција на одржливиот развој.

На крајот од своето излагање, Љутков изрази благодарност до досегашната генерална директорка на УНЕСКО, Одре Азуле, за нејзиното визионерско раководење и му посака успешна работа на новоизбраниот генерален директор Калед Ел-Енани.

-Нашата визија е јасна-Македонија да биде земја во која културата, образованието, науката и иновациите создаваат силна синергија за одржлив развој и општествен просперитет, порача министерот Љутков. 

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
82 %
0.1kmh
20 %
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
8 °

Поврзани написи

ПСЖ замената за Кварацхелија ја најде во Баскија

Хвича Кваратцхелија заработи сериозна повреда на коленото на...

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...