ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница ги разгледа и одби како неосновани сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати од гласањето локалните избори во три општини – Брвеница, Шуто Оризари и Карпош.

Претседателот на ДИК Борис Кондарко информираше дека во текот на утрешниот ден ќе бидат изготвени поединечни одлуки за секој приговор и доставени до подносителите. 

-ДИК ќе ги почека законските рокови за евентуални тужби до Управниот суд во наредните 24 часа, по што, доколку има тужби, Управниот суд е должен да постапува во наредните 48 часа од приемот на тужбите. Тоа значи дека најдоцна до крајот на викендот ќе ги имаме и одлуките на Управниот суд доколку има тужби. Доколку нема тужби, во првиот момент кога ќе истечат роковите, односно кога одлуките ќе бидат конечни ДИК ќе излезе на седница со објавување на конечните резултати за општините Брвеница, Шуто Оризари и Карпош, појасни Кондарко. 

За Општина Шуто Оризари поднесени се 13 приговори, од кои 10 од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО- ДПМНЕ, и три од Сојузот на Роми.

ДИК ги одби приговорите поднесени за избирачките места ИМ 2956, ИМ 2971, ИМ 2971/1, ИМ 2973, ИМ 2959/1, ИМ 2955, ИМ 2956/1, ИМ 2959, ИМ 2961/1 и ИМ 2961, сите во Општина Шуто Оризари, а поднесени од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО- ДПМНЕ.

Членовите на ДИК ги одбија како неосновани и трите приговори од Сојузот на Роми во ИМ 2966, ИМ 2962 и ИМ 2961 сите во Општина Шуто Оризари.

ДИК ги одби двата приговори поднесени од „Искуство за успех“ за две избирачки места во Општина Карпош и тоа на ИМ 2631 и на ИМ 2613.

Членовите на ДИК претходно едногласно го отфрлија приговорот доставен од кандидатот за градоначалник Хаќим Рамадани за Општина Брвеница за пет избирачки места  во оваа општина. Ангелчо Ристов член на ДИК образложи дека приговорот содржи правно неформални недостатоци, бидејќи е поднесен од кандидат за градоначалник, а според законот треба да го поднесе подносителот на кандидатската листа. Членовите на ДИК приговорот го отфрлија како недозволен. 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
13.2 ° C
13.2 °
13.2 °
69 %
0.4kmh
95 %
Sat
18 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
10 °
Wed
12 °

Поврзани написи

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ – претреси на повеќе локации

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет...

Мурињо пречкртал тројца играчи во Реал Мадрид

Жозе Мурињо веќе почна да го обликува Реал...

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама

Денеска, на протестот пред кабинетот на премиерот во...

ПСЖ замената за Кварацхелија ја најде во Баскија

Хвича Кваратцхелија заработи сериозна повреда на коленото на...

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...