Инспекторите од понеделник на терен, ќе се казнува секој кој ќе фрли отпад по 22ч

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Казна ќе добие секој кој од понеделник ќе ја прекрши мерката и ќе одлага отпад по 22 часот. Прекршокот ќе ги чини скопјани 50 евра, додека за правни лица казните се од 1300 до 1800 евра, но може да биде и повисока во зависност од типот на отпад. 

Граѓаните се со поделени мислења за одлуката на Град Скопје. Едни сметаат дека мерката нема да донесе никаков ефект, други пак велат треба да се следат примерите од Европа, но пред се фокусот да биде во насока на подигање на свеста за селектирање на отпадот. 

Ова временско ограничување е пробно и истото може да биде променето во иднина вели новиот директор на комуналнто претпријатие. Тој вели одлуката е со цел да се воведе ред, фирмите и угостителите да не ги полнат контејнерите наменети за домаќинствата. На овој начин смета дека поефикасно ќе се собира отпадот. 

Митковски вели сите напори се насочени кон оспособување на што поголем број на возила за собирање на отпадот во главниот град. Претпријатието е во очајна состојба, ако се земе предвид дека на располагање имаат 40тина возила стари 13 години. Митковски вели Комунална има оперативен план кој е одлично осмислен но претпријатието било доведено во колапс. 

На вчерашната седница на советот беше потенцирано дека комуналните редари и инспектори со оваа одлука добиваат правен основ да постапат доколку некој фрла отпад по 22 часот.

Под будно око ќе бидат токму фирмите и угостителите кои претежно го користеле овој период од денот за да ги наполнат контејнерите, а со тоа се создавале депонии околу микролокациите. 

 

 





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
16.4 ° C
16.4 °
16.4 °
56 %
0.5kmh
66 %
Sat
16 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
9 °

Поврзани написи

Жоржињо паднал на допинг тестот?

Поранешниот италијански репрезентативец Жоржињо (34) наводно бил позитивен...

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ – претреси на повеќе локации

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет...

Мурињо пречкртал тројца играчи во Реал Мадрид

Жозе Мурињо веќе почна да го обликува Реал...

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама

Денеска, на протестот пред кабинетот на премиерот во...