Трамп за фотографиите со Епстин: Го знаеше секој, нема ништо спорно

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


 Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека нема посебна реакција на неодамна објавените фотографии поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, меѓу кои има и такви на кои се гледа во негово друштво, наведувајќи дека Епстин бил познат на многу луѓе.

– Не ги видов (фотографиите), но сите го знаеја тој човек. Беше насекаде во Палм Бич, има фотографии со сите, стотици луѓе, така што тука нема ништо посебно. Јас за тоа не знам ништо, рече Трамп на настанот во Белата куќа, пренесе Си-Би-Ес Њуз.

Трамп претходно наведе дека го прекинал познанството со Епстин пред многу години и дека немал сознанија за неговите кривични дела.

Портпаролката на Белата куќа, Абигејл Џексон, ги обвини демократите во американскиот Конгрес дека селективно објавуваат и редигираат фотографии за, како што наведе, да го засрамат претседателот. Таа истакна дека демократите „бирале фотографии по сопствен избор“ за да создадат „лажен наратив“.

Џексон во соопштението ги спомна и демократите Стејси Пласкет и лидерот на демократското малцинство во Претставничкиот дом на САД, Хаким Џефрис, тврдејќи дека, според достапните документи, имале контакти со Епстин по неговата осуда во 2008 година за кривични дела поврзани со проституција на Флорида.

Претставници на Републиканската партија во Одборот за надзор ги критикуваа демократите поради објавувањето на, како што наведуваат, ограничен број фотографии од збирката од повеќе од 95.000 снимки што Конгресот ги добил од заоставштината на Епстин. Според нивните зборови, во документите нема докази за какво било кривично дело на претседателот Трамп.

Најмалку три фотографии објавени од одборот ги прикажуваат Трамп или поранешниот американски претседател Бил Клинтон. Ниту Трамп, ниту Клинтон не се обвинети за незаконски дејства поврзани со Епстин. 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
82 %
0.1kmh
20 %
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
8 °

Поврзани написи

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...