Втори во Европа по ниво на загаденост: Граѓаните „бегаат“ на Водно и бараат сонце

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Втори во Европа, ама по ниво на загаденост. Скопјани и денеска се гушат во токсичниот воздух полн со ПМ честички кои го надминуваат дозволениот праг. Граѓаните поради загаденоста бегаат на Водно. На пладне колони автомобили не престануваа на Средно Водно.

На врвот на Водно јасно се гледа сонцето, а панорамата на Скопје е покриена со бел облак. На Средно Водно тешка видливост поради густата магла.

Во меѓувреме, инспекторите за животна средина ги тресат фирмите со А еколошки дозволи. Заклучно со 15 декемри, извршиле 30 надзори. Издадени се 12 решенија за фирми кои не ги почитувале правилата. Ако не си ги поправат грешките, ќе следуваат парични казни.

Задолжени со одлука на Владата, ваквите ненајавени надзори за индустриските капацитети ќе се извршуваат до март, поради аерозагадувањето.

Битката на Инспекторатот е уште потешка бидејќи 2026 година ќе ја стартуваат со само 13 инспектори за животна средина – бројка далеку од доволна за да се покрие целата територија на Македонија.





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
12.2 ° C
12.2 °
12.2 °
82 %
0.9kmh
86 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
15 °

Поврзани написи