Партиски конгрес на ДУИ – Ахмети реизбран за претседател

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Али Ахмети повторно е избран за претседател на ДУИ. Како единствен кандидат на петтиот конгрес 737 делегати му ја дадоа довербата во нов мандат да ја води партијата. За него конгресот е нова фаза во внатрешното функционирање на партијата и значаен момент за државата.

Испорача барања со кои одлучувањето по „бадентер“ ќе се спроведува секаде, па дури и при избор на влада.

-Прво, предлагаме секој нов состав на Владата да ја добие довербата на Собранието не само со мнозинството пратеници, туку и со мнозинството пратеници на немнозинските заедници. Второ, имплементација на Бадентериевиот принцип во Уставниот суд. Законите што се одобрени со двојно мнозинство во Собранието (врз основа на Бадентериевиот принцип), не треба да се поништуваат во Уставниот суд без двојно мнозинство дури ни меѓу судиите. Трето, продлабочување на децентрализацијата и локалната самоуправа. Предлагаме нова фаза на функционална и фискална децентрализација, со понатамошен трансфер на надлежности во областите образование, здравство, локален развој и управување со јавни средства“, рече Ахмети.

Најави нов „Национален договор за напредок“ и побара целосен ветинг со меѓународен надзор за сите носители на јавни функции во последните 34 години.

На конгресот беа усвоени и 4 резолуции како четиригодишна визија за напредок а се однесуваат на зајакнување на унитарниот карактер на државата, владеење на правото, независно судство и враќање на довербата во институциите, за национален договор за напредок и одржлив развој на државата и за европска интеграција.





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
58 %
1.6kmh
68 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Ново судење...

Бенјамин Шешко ќе отсуствува до крајот на годината

Манчестер Јунајтед, по синоќешниот дебакл во Комо, пораз...