Камионџиите ќе ги блокираат границите – како тоа ќе влијае на секојдневието на граѓаните?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Македонските камионџии заедно со нивните колеги од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26 јануари ќе ги блокираат граничните премини кон земјите од Шенген-зоната. Причина за протестот е новиот европски систем за влез и излез, кој камионџиите ги брои исто како туристи. Иако само поминуваат за да донесат стока, со честите влегувања, брзо ги трошат дозволените 90 дена и остануваат без право да работат.

– Страшно е тоа што во електронското броење и 5 минути од денот да си фатил да влезеш на територија на Шенген зона или да излезеш ти го рачунаат како цел ден. Во 180 дена кога ќе се поделат оние 90 дена излегува дека возачот може да престојува или да работи 10 до 15 дена месечно, што е нон сенс и под секаква економска оправданост – изјави Билјана Муратовска од Асоцијацијата „Макам транс“.

Превозниците бараат од македонските институции да лобираат во Брисел да се закаже итен состанок за да се дискутира ова прашање. Доколку нема реакција од Европската Унија, наредниот понеделник ќе ги блокираат границите. Тоа нема да биде еднодневна блокада – камионите ќе останат паркирани таму. Со ова фабриките би можеле да останат без репроматеријали, а ќе нема ни кој да ги пренесе готовите производи до маркетите, ниту лековите до аптеките – па рафтовите ќе останат празни, вели Муратовска.

– Ќе се намали дотурот на репроматеријали, стока за широка поторшувачка, односно ланците на снабдување ќе бидат прекинати. Ако знаеме дека сите ние 4 држави сме увозно зависни, значи целото стопанство ни се поткрепува на увоз од ЕУ, тогаш може да замислите што ќе се случи – рече таа.

Економски последици нема да трпи само македонската економија, оцени премиерот Мицкоски.

– Пошироко ќе бидат последиците. Денеска на таа тема имам разговор со министерот за надворешни работи и трговија да видиме што можеме да направиме за да се избегне оваа блокада и да се надминат сите оние би рекол пропусти коишто се резултат на се уште нефункционирањето онака како што треба на одредени сегменти во институциите – кажа Мицкоски. 

Во земјава има околу 2.700 превозници за меѓународен транспорт, а најголем дел од увозот и извозот оди по копнен пат. Затоа, превозниците предупредуваат – без решение, застојот на границите многу брзо ќе се прелее во секојдневието на граѓаните.





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
58 %
1.6kmh
68 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Ново судење...

Бенјамин Шешко ќе отсуствува до крајот на годината

Манчестер Јунајтед, по синоќешниот дебакл во Комо, пораз...