Николоски: Сите треба да учествуваат во проектот „Безбеден град“, се надевам да се изгласаат законите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски  се надева дека опозицијата ќе гласа за законските решенија за проектот „Безбеден град“  особено, како што вели, по ветувањето на лидерската средба. Порачува дека сите треба да учествуваат во овој проект, кој, потенцира, спасува животи. 

На новинарско прашање дали Собранието ќе побара од МВР најмалку три месеци одожување на  проектот Николоски рече дека „се работи за принципиелно прашање и оти може да одложуваме и  месец, три и шест месеци, но на крај на денот прашање е дали сакаме да има ред  во државата или не“.

– Гледате кој е опозиција. Опозиција е СДСМ коишто влегоа во целосно деструктивна кампања, којашто мора да признаам дека не ја разбирам, и тука е ДУИ, коишто се сеќаваме добро што се случуваше кога беа на власт. Се надевам дека ќе се опаметат и законите особено  оние кои се двотретински ќе бидат изгласани, особено после ветувањето на лидерската средба, изјави Николоски, по учеството на одбележувањето на празник Водици во Охрид. 

Прашан дали би се согласил за одложување рече дека тоа треба да го разговараат пратеничките групи и во насока на постигнатото на лидерската средба да се изгради консензус. 

– Ова е проект кој спасува животи и сите треба да учествуваат во него, порача Николоски.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...