Доживотна казна затвор за штипјанецот кој ја уби мајка си

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Доживотна казна затвор за штипскиот угостител Стојанче Зарков, во јавноста познат како Грофот, за убиството на својата 84-годишна мајка, Марија Заркова. Судот утврди дека Зарков го сторил кривичното дело убиство во раните утрински часови на 8 август, по што самиот се јавил на бројот за итни повици по два часот.

Според наодите во постапката, убиството било извршено со нож, кој обвинетиот и претходно го користел во случаи поврзани со семејно насилство.

-Обвинетиот Стојанче Зарков од Штип, за стореното кривично дело убиство, од член 123, став 2, точка 2, став 1 од КЗ се осудува на доживотна казан затвор. Во изречената казна затвор му се пресметува и времето поминато во притвор од 08.08.2025-та година, кога му е одредена мерката, се до траењето на притворот, односно до правосилноста на пресудата и отпочнувањ со издржување на казната затвор, изјави Сашко Георгиев, престедавач на кривичниот совет на Основен суд-Штип.

Зарков во минатото во повеќе наврати бил осудуван за кривични дела семејно насилство врз неговите родители. Во текот на судењето, обвинетиот во два наврати изјавил дека не се сеќава дали го сторил делото. Пресудата беше соопштена во отсуство на обвинетиот, кој во моментот се наоѓа во притвор во Казнено-поправната установа Куманово.

Од 2020 година до денес ова е трета изречана казна доживотен затвор во Основниот суд во Штип.





Преземено од: Линк

Tetovo
scattered clouds
8.4 ° C
8.4 °
8.4 °
78 %
0.6kmh
42 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...