Ниту една лабораторија нема опрема за испитување на забранети супстанци во детски играчки, алармира ДЗР

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Да се преземат активности за опремување на лаборатории со соодветна опрема со која ќе се овозможи испитување на што поголем број забранети и штетни супстанци во производите, апелира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во денеска објавениот  Конечен ревизорски извештај за Државниот санитарен и здравствен инспекторат за 2024 година.

Ревизорите констатираат дека во делот на вршење на инспекциски надзор во постапки по барање на странка за увоз на предмети утврдени се состојби кои влијаат на квалитетот на инспекциската постапка. Фактот  дека фактурите и здравствени сертификати се на повеќе странски јазици, според нив, создава ризик инспекторите целосно да не ја разберат нивната содржина и да одобрат увоз на стоки без целосно потврдена веродостојност и здравствена безбедност.

-Во делот на вршење на инспекциски надзор во областите на санитарно-хигиенска и епидемиолошка заштита како и здравствена заштита утврдивме состојби кои влијаат на квалитетот на инспекциската постапка, односно во дел од предметите недостасува поткрепувачка документација; пописот не е спроведен во целост; неточна пресметка и исплата на додатокот за работа со висок ризик, посочува ДЗР во клучните утврдени состојби. 

Ревизорите укажуват дека листата за забранети супстанци во козметичките производи донесена во 2010 година не е ажурирана ниту еднаш, што не ја следи праксата на ЕУ каде оваа листа повеќекратно е ажурирана во истиот период.

Поради тоа, истакнуваат дека постои ризик да се стават во промет производи кои содржат супстанци за кои на територија на ЕУ е утврдено дека се штетни по здравјето, а да не се забранети на територијата на нашата држава.

-Во рамки на државните лаборатории не се обезбедени услови и техничка опременост за испитување на сите забранети супстанци во козметичките производи, а ниту една лабораторија нема опрема за испитување на забранети супстанци (фталати и бор) во детските играчки кои се увезуваат и пуштаат во промет на територијата на државата, посочува ДЗР.

Инспекторатот, стои во Извештајот,  доставил известување до Министерството за здравство во кое наведува дека  „во рамки на државните лаборатории не се обезбедени услови и техничка опременост за испитување на сите забранети супстанци во козметичките производи“ чиј број согласно листа донесена од министерот изнесува околу 1.600 супстанци.

Согласно информациите добиени од Инспекторатот, Институтот за јавно здравје врши само ограничен број анализи: микробиолошка исправност на производите, определување на содржина на само неколку тешки метали (кадиум, олово, никел и хром), PH вредност и определување на содржина на површинско активни материи, а додека пак неколку, од вкупно 10 центри за јавно здравје, распоредени на целата територија на државата се опремени да вршат само контрола на микробиолошка чистота на козметички производи. 

Во известувањето е наведено и дека ниту една лабораторија нема опрема за испитување на забранети супстанци (фталати и бор) во детските играчки кои се увезуваат и пуштаат во промет на територијата на државата, а во ИЈЗ се вршат одредени испитувања за безбедноста на детските играчки (миграција на тешки метали, специфична миграција на природни ароматични амини и испуштање на боја)“.

При пуштање во промет на детски играчки, во случај кога субјектот на надзорот би ги оспорил резултатите од првиот примерок што како право е утврдено со член 29-б од Законот за санитарната и здравствената инспекција, на територијата на државата покрај ИЈЗ не постои уште една лабораторија која би ги спровела испитувањата.

-Поради наведеното не се обезбедени услови за извршување на постапката во целост бидејќи анализата на вториот примерок не може да се довери на истата лабораторија. Имајќи го предвид наведеното ревизијата истакнува дека е потребно Министерството, во соработка со ИЈЗ и ЦЈЗ да преземат активности за опремување на лаборатории со соодветна опрема со која ќе се овозможи испитување на што поголем број забранети и штетни супстанци во производите и оневозможување да бидат пуштени во промет во државата, стои во Извештајот. 

ДЗР утврди и дека во Инспекторатот вработени се 66 лица што претставува 59 проценти од вкупно предвидените работни места, при што 43 се инспектори, од кои 58 проценти се на возраст од над 50 години, а 42 проценти над 60 години.

Поради природен одлив на вработените, ревизорите укажуваат дека постои ризик  работните места со високи звања во дел од подрачните одделенија да се испразнат поради што на нивна територија ќе се ограничи вршењето на надзор во субјекти чија тежина е оценета со висок коефициент.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
9.7 ° C
9.7 °
9.7 °
87 %
0.2kmh
0 %
Fri
10 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
13 °

Поврзани написи

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта изјави дека...

Интерконтинеталниот куп во Доха, ПСЖ го чека противникот

Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави дека финалето на...