Експерти: Реконструкцијата, можните предвремени избори и партиски прелети ја вжештуваат реториката

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Најавената владина реконструкција на пролет се поизвесно е дека ќе зафати поголеми кадровски смени, но и ротација на позиции кои прецизно би се договарале во коалицијата, оценува експертската јавност. Шансите за нови владини партнери од албанската опозиција во пресрет на промените се минимални, сметаат аналитичарите. 

Сепак поделени се ставовите за можноста да се случат предвремени парламентарни избори и евентуално укинување на техничката влада. 

Најголемите промени се случуваат во албанскиот политички блок. Постизборно Ахмети остана без неколку клучни играчи,откако грб му сврте и Села, претходно и Тачи, а последно го напушти и екс пратеникот Зибери, кој си пружи рака со Меџити.

Иако постојат најави за нови заминувања, сепак не треба да се очекуваат поголеми потреси, смета аналитичарот Селими. 

Во битката за гласови кај албанскиот електорат, политичките актери ги возобновуваат националистичките теми, а најавуваат и договори за односите меѓу двете етнички групи. 





Преземено од: Линк

Tetovo
scattered clouds
15.2 ° C
15.2 °
15.2 °
65 %
0.6kmh
35 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
15 °
Tue
15 °

Поврзани написи