Три пријави за физички напади врз партнерки пријавени на скопската територија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Три пријави за физички напади врз партнерки биле евидентирани изминатото деноноќие на скопската територија.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека денеска во 4:40 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, 35-годишна жена пријавила дека околу 1:40 часот на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С., 24-годишен скопјанец.

– Синоќа во 22 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР – Скопје го лишија од слобода Н.Ј., 52-годишен скопјанец, постапувајќи по претходна пријава дека околу 17 часот во домот физички ја нападнал неговата 32-годишна партнерка, соопштија од МВР.

Претходно пак, во 17:50 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР – Скопје извршиле службен разговор со П.Л., 45-годишен скопјанец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 48-годишна вонбрачна партнерка.

По целосно документирање на случаите, како што додадоа од МВР, ќе следат соодветни пријави.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
12.2 ° C
12.2 °
12.2 °
82 %
0.9kmh
86 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
15 °

Поврзани написи