Брант го напушта Дортмунд како слободен играч

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Јулијан Брант, ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, кога ќе му истече актуелниот договор.

Спортскиот директор на Борусија, Ларс Рикен, потврди дека договорот на офанзивниот играч од средниот ред нема да биде продолжен и дека 29-годишникот заминува како слободен играч.

Рикен ова го изјави за германски „Скај Спорт“, откако Дортмунд го победи Келн во натпреварот од 24-тото коло од Бундеслигата. Одлуката ја потврди и тренерот на Борусија, Нико Ковач.

„Имавме отворени дискусии, по што се согласивме дека договорот нема да биде продолжен. Тој одигра неколку стотици натпревари за Борусија Дортмунд – речиси 300, за да бидам попрецизен. Мислам дека можеме само да му бидеме благодарни; играше за нас седум години“, рече Рикен.

Брант пристигна во Дортмунд во летото 2019 година, откако со голем успех го носеше дресот на Баер Леверкузен, шретходно играше за Волфсбург во помладите категории.

Оваа сезона, Брант одигра 32 натпревари за Борусија, со учинок од 10 гола и три асистенции.

Дортмунд е втор на табелата во Бундеслигата со 55 бода, додека лидерот Баерн има 11 повеќе.

Foto/ depositphotos



Преземено од: TopSport

Tetovo
scattered clouds
8.4 ° C
8.4 °
8.4 °
78 %
0.6kmh
42 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...