Сиљановска-Давкова: Можеме и мораме да направиме се што е во наша моќ ваквите трагедии никогаш повеќе да не ни се повторат

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Ништо не може да ја намали болката на семејствата што ги загубија своите најмили или се соочуваат со последиците од трагедијата, но можеме и мораме да направиме се што е во наша моќ ваквите трагедии никогаш повеќе да не ни се повторат – изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на завршната сесија на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“, што се одржува денеска во Скопје.

Трагедијата во Кочани не останува само доживотно болен спомен, туку останува обврска и постојан потсетник, а фактот за што денеска зборуваме, според Сиљановска-Давкова, е доказ дека сме решени ваквите трагедии да не нè затекнат никогаш неподготвени и притоа потсети на Вацлав Хавел:

-Вистинската мерка на една држава не се гледа во моментите на стабилност, туку во начинот на кој се соочува со своите кризи. Демократските системи се поотпорни на кризи и полесно се справуваат со нив. Кризата е лакмус за демократијата оти се проверуваат и институциите и професионалната етика и човечката солидарност, изјави Сиљановска-Давкова.

Според неа, зад статистиките стои нечие име, семејство и живот. Преживеаните и нивните семејства, како што рече, ќе ја носат траумата доживотно, а ние имаме обврска да бидеме со нив, и покрај нив, поддржувајќи ги.

-Ништо не може да ја намали болката на семејствата што ги загубија своите најмили или се соочуваат со последиците од трагедијата, но можеме и мораме да направиме се што е во наша моќ ваквите трагедии никогаш повеќе да не ни се повторат. Кочанската апокалипса ни остави длабока рана, предочувајќи ни дека без стандарди, правила и одговорност, ниту една дејност не може безбедно да функционира и ништо ама апсолутно ништо не смее да биде поважно од правото на живот, тоа им го должиме на починатите, на преживеаните, но и на сите граѓани – порача Сиљановска Давкова.

Трагедијата во Кочани, според Сиљановска-Давкова, беше момент на национален шок, длабока човечка болка, ерупција на сочувство и солидарност, но и момент на политичка и општествена катарза – пред огледалото на совеста и одговорноста се најдовме сите и сè уште сме, посочувајќи дека „со крајот на животот ќе ја помнам сликата од утрото по трагедијата“.

-Сите посакувавме лекарите да го направат не само нужното и можното, туку и неможното. Јас верував во знаењето, искуството и пожртвуваноста на лекарите и медицинскиот персонал. Една година потоа мислам дека донесовме вистинска политичка и медицинска одлука кога решивме да побараме помош однадвор. Брзо воспоставената и интензивна координација меѓу македонските институции и здравствениот систем и меѓународните партнери овозможија спасување на многу млади животи. Ме восхитија хуманоста и солидарноста на нашите соседи, брзината на активирањето на европскиот механизам за цивилна заштита, но и солидарноста на сиот свет, изјави Сиљановска-Давкова.

Трагедијата во Кочани, нагласи, покажа дека здравствениот одговор на вакви настани не е само медицинско прашање, туку и политичко, финансиско, етичко и морално, како и дека соодветниот одговор на него зависи од демократскиот капацитет и одговорноста.

-Во конференцијата препознавам важен чекор во процесот на експертска евалуација на стореното и научени лекции низ постапувањето како бенефит за зајакнување на нашата подготвеност за иден соодветен одговор на можни слични состојби – изјави Сиљановска-Давкова.

Претседателката, исто така, потсети на старото медицинско правило „подобро е да се превенира, отколку да се лекува“ и во таа насока нагласи дека е важно што веќе имаме конкретни системски мерки како усвојување на Национален план за справување со масовни жртви, воспоставување нови медицински протоколи и зајакнување на институционалната координација во кризни ситуации.

-Тие се доказ дека македонскиот здравствен систем и државата целат трагичното искуство да го претворат во поголема подготвеност, подобра организација и поефикасен одговор на идни предизвици, кога секоја минута и преземен чекор може да спаси еден живот – нагласи Сиљановска Давкова.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
13 ° C
13 °
13 °
93 %
0.6kmh
76 %
Thu
13 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година

Граѓаните кои работеле во странство пред 5 години...

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков

Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески,...

Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим

Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска...

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...