(Видео) Спортинг со „петарда“ го елиминира Боде/Глимт

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Блескавото патешествије на Боде/Глимт во Лигата на шампионите заврши во Лисабон. Норвешкиот тим не успеа да ја одбрани предноста од 3:0 по првиот натпревар. Спортинг, вечерва, по продолѓенијата победи со 5:0.

Никој оваа сезона не го надига Боде/Глимт како што тоа го направија фудбалерите на Спортинг.

Лисабонските „лавови“, од почетокот наметнаа жестоко темпо, го „удавија“ својот противник со високиот преисинг. За надмоќта на Спортинг најмногу покажува податокот дека до 20-та минута, Спортинг упати девет удари кон голот на Хаикин, три од нив одеа во рамките на голот.

Боде/Глимт своите шанси го промаши во провото полувреме, Хег шутираше ужасно, а потоа гредата беше сојузник на Руи Силва.

Блескавата ноќ во Лисабон ја најави Гонзало Игнасио во 34-та минута. Во вториот дел, во 61-та минута, Педро зголеми на 2:0, а во 74-та Луис Суарез ја поништи предноста на норвешкиот тим.

Стадионот експлодираше, кога во продолженијата, по само две минути игра Араухо го постигна четвртиот гол.

Точка на натпреварот стави дебитантот во Лигата на шампионите, Нел во 121-та минута.

Спортинг во четвртфиналето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Арсенал и Баер Леверкузен.

Foto/ EPA



Преземено од: TopSport

Tetovo
light rain
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
58 %
1.6kmh
68 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи