Зеленски: САД сигнализираат продолжување на мировните преговори

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека од САД пристигнуваат сигнали за можно скоро продолжување на мировните преговори со Русија, но предупреди дека Москва не смее да влезе во процесот со засилена позиција.

– Во последните денови добиваме сигнали од американска страна дека преговорите би можеле да продолжат. Но, со каква позиција ќе дојде Русија – тоа зависи од сите нас –  рече Зеленски во видео-обраќање до Европскиот совет.

Тој наведе пет фактори кои, според него, ја зајакнуваат позицијата на Русија, меѓу кои и растот на глобалните цени на нафтата поради кризата со Иран.

Дополнително, предупреди дека Москва може да процени дека Украина ќе се соочи со недостиг на противвоздушни ракети, поради нивната засилена употреба на Блискиот Исток.

Зеленски посочи дека 20-тиот пакет санкции на ЕУ против Русија е во застој, додека САД делумно ги олесниле санкциите, што, како што рече, носи дополнителни приходи за руската воена машинерија.

Како клучен фактор го наведе и застојот на европскиот пакет финансиска поддршка за Украина вреден 90 милијарди евра.

– Ова е од критично значење за нас – тоа е ресурс за заштита на животите – нагласи тој.

Според него, неизвесноста околу деблокирањето на оваа помош дополнително ја зајакнува позицијата на Москва.

Последната рунда трилатерални преговори меѓу Украина, САД и Русија се одржа во Женева на 17 и 18 февруари. 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...