Шифрин го освои Големиот кристален глобус

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Американката Микаела Шифрин го освои Големиот кристален глобус по шести пат во кариерата, наменет за вкупен победник на Светскиот куп во алпско скијање.

Во пресрет на последната трка, Шифрин имаше 85 поени повеќе од втропласираната Германка, Ема Ајхер, и можеше да остане без титулата само ако Ајхер забележеше победа, а таа не освоеше ниту еден поен.

По првото возење, таа можност беше реална бидејќи Шифрин беше 17-та, а Ајхер трета, 26 стотинки зад водечката. Сепак, во второто возење, Шифрин го подобри својот пласман, влезе меѓу првите 15 и со тоа ја додаде овогодишната титула на титулите од 2017, 2018, 2019, 2022 и 2023 година.

Според бројот на освоени титули во Светскиот куп, Шифрин се изедначи со претходната рекордерка, Анемари Мозер-Проел.

На крајот од оваа сезона, 31-годишната Шифрин има 110 победи во Светскиот куп, а покрај шест Големи глобуси, таа освои и 12 Мали глобуси за најдобри во одредена дисциплина (девет во слалом, два во велеслалом и еден во супервелеслалом). Покрај тоа, минатиот месец ја освои својата втора олимписка титула во слалом.

По големата грешка во втората трка, Ајхер го освои 12-то место, две стотинки зад Шифрин, па на крајот Шифрин победи со 87 поени предност.

Foto/ EPA



Преземено од: TopSport

Tetovo
light rain
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
81 %
0.2kmh
88 %
Thu
14 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...