Дончиќ на третмани во Европа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, ќе се обиде да го забрза закрепнувањето од повредата на тетивата во Европа, на специјализиран третман, објавија американските медиуми.

Дончиќ се повреди во убедливиот пораз од Оклахома, а по магнетната резонанца беше потврдено дека ќе го пропушти остатокот од регуларната сезона.

Вообичаено време за закрепнување за ваков вид повреда е околу еден месец, што значи дека еден од најдобрите играчи во лигата би можел да го пропушти првото коло од плејофот.

Оваа сезона, Словенецот бележи импресивни бројки со 33,5 поени по натпревар, заедно со 8,3 асистенции и 1,6 украдени топки.

Проблемите за тимот од Лос Анџелес не завршуваат тука. Остин Ривс е исто така надвор од тимот поради повреда на стомачниот мускул, и се очекува да отсуствува помеѓу четири и шест недели, што го става во прашање неговиот настап на почетокот од плејофот.

Лејкерси моментално имаат скор од 50-28, исто како и Денвер, но со предност во меѓусебните дуели, тие го држат третото место на табелата во Западната конференција.

Сепак, само со неколку натпревари до крајот, постои реална опасност да паднат на четвртото, па дури и на петтото место, што би значело губење на предноста на домашниот терен.

Доколку го задржат третото место, најверојатно би играле против Минесота во плејофот, но без двајца клучни играчи, патот до финалето ќе им биде многу потежок.

До крајот на регуларната сезона, Лејкерси имаат натпревари против Оклахома, Голден Стејт, Феникс и Јута. Веќе во првата средба без Дончиќ и Ривс, загубија во Далас, што дополнително ја зголемува загриженоста пред најважниот дел од сезоната.

Foto/ Depositphotos



Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
10.4 ° C
10.4 °
10.4 °
93 %
1.2kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
14 °

Поврзани написи