Мицкоски: Проектот во Враништа го разбива стереотипот дека политичарите мислат само на себе, а не и на граѓаните

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


По години ветувања, денеска почнува реализацијата на проектот за изградба на систем за фекални отпадни води во струшкото село Враништа. Проектот, за кој денеска беше ставен камен-темелник, се реализира со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање. 

Станува збор за петти проект што се реализира во општина Струга, а во текот на овој месец, според најавите, треба да се реализираат уште три други проекти.

– Поставуваме камен-темелник на проект за кој се чекало со години. Проектот е петти што се реализира во Струга, а во текот на овој месец ќе се реализираат уште три, така што вкупната вредност на сите осум проекти е околу девет милиони евра – информира градоначалникот на Струга, Менди Ќура. 

Премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со градоначалникот Ќура присуствуваше на поставувањето на камен-темелникот, оцени дека со овој проект и низата други што се реализираат на територијата на целата држава се разбива стереотипот од минатото дека сите политичари се исти и гледаат само за себе, а не и за граѓаните. 

– Ценам дека со нашата работа, посветена, фокусирана во рамките на нашите можности и ресурси, она што можеме да го направиме, го правиме исклучиво и во интерес на граѓаните. Тоа сум го кажал многупати во минатото, ќе го повторам и сега, чуда не се возможни, сите оние што ветуваат чуда не ја говорат вистината. Ние не сме чудотворци, но ќе дадеме сè од себе – да се изразам во спортски жаргон, ќе го оставиме срцето на терен за граѓаните да добијат поквалитетен живот и да го подобриме нивниот живот. Тоа е нашата инспирација и затоа сме посветени максимално – рече Мицкоски.

Тој нагласи дека со политиките на Владата, Струга станува препознатлива и најави дека оваа општина ќе биде еден од главните приоритети во следните години. 

– Благодарност до граѓаните на Струга, кои имаат трпение и кои веруваат дека оваа Влада може да направи нешто повеќе за нив и нивните семејства, а ние како Влада даваме збор дека ќе сториме сè што е во наша моќ да го испорачаме сето она што сме го ветувале и нема да застанеме тука, ќе се обидеме и проект повеќе да испорачаме, да го подобриме проектот повеќе на животот на граѓаните на општина Струга – рече Мицкоски. 

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
scattered clouds
11.5 ° C
11.5 °
11.5 °
75 %
1.3kmh
39 %
Sun
15 °
Mon
13 °
Tue
9 °
Wed
10 °
Thu
12 °

Поврзани написи

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

На Сити му се заканува исфрлање од лигата и присилна продажба на клубот

Независниот фудбалски регулатор (IFR) ќе има „апсолутна моќ“...

Србија утре избира нов парламентарен состав

Речиси 6,5 милиони луќе утре имаат право да...

(Видео) Наполи водеше три пати и не успеа да ја победи Рома

Фудбалерите на Наполи и Рома одиграа нерешено 3:3...

(Видео) Автогол каков што не сте виделе – Челзи на колена пред Тотенхем

Градското дерби, во осмото коло на „Стенфорд Бриџ“,...