ЈО и ДЗР: Зајакнување на соработката за заштита на јавниот интерес

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Државниот јавнен обвинител  Ненад Савески денеска имаше работен состанок со тим на Државниот завод за ревизија предводен од главниот државен ревизор Максим Ацевски и заменик-главниот државен ревизор Орхан Адеми.

На состанокот, информираат од ЈО, беше изразено задоволство од досегашната меѓуинституционална соработка, а се разговараше и за нејзино продолжување и продлабочување со посебен акцент на унапредување на координацијата и размената на информации помеѓу Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство (ЈО).

-Во фокусот на дискусијата беше и реализацијата на заеднички активности насочени кон уште поефикасно постапување по состојбите утврдени во ревизорските извештаи, како и зајакнување на владеењето на правото, отчетноста и транспарентноста во управувањето со јавните средства, како и потребата од дополнителна координација со надлежните институции, како Министерството за внатрешни работи и Управата за финансиска полиција, во насока на обезбедување соодветен одговор и постапување од страна на надлежните органи, соопшти ЈО.

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
64 %
1.5kmh
13 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...